Гир- се надеваме дека преговорите со С.Македонија ќе се отворат што е можно побрзо
„Ги цениме напорите да се решат нерешените прашања меѓу Северна Македонија и Република Бугарија. Тоа е навистина важно и нешто кон што повикуваме што се однесува до отворањето на самите преговори. Тука можам да го повторам она што го кажува раководството на ЕУ, се надеваме дека преговорите ќе се отворат што е можно побрзо“, истакна евроамбасадорот Гир.
Македонската делегација доставила конкретен предлог, Бугарија ќе го разгледува
На прашање да даде коментар за реториката на одделни бугарски политичари, како и на европратеник од Бугарија во однос на Северна Македонија, Гир рече дека кога станува збор за добрососедските односи, важно е политичарите да се воздржани во изјавите.
„Што се однесува до забелешките дадени од извесни политичари на други земји и пратеници од земји членки, јас нема да коментирам за тоа, не е тоа во мојата пракса. Но, важно е да се воздржуваме секогаш кога станува збор за добрососедски односи. Тие се навистина важни и затоа политичарите мора да се воздржуваат во таа насока“, рече евроамбасадорот Гир на прес-конференцијата по повод потпишувањето на договор за поддршка на претпријатијата во износ од 100 милиони евра од Европската инвестициска банка.
Бугарскиот европратеник Џамбаски: Македонија е бугарска
Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски деновиве напиша дека една нација живее на двете страни од границата Деве Баир, а тоа е бугарската, и посочи дека немало две нации или два народи.
