Иселенците од ЕУ лани испратиле 200 милиони евра во Македонија
Најмногу пари од европските земји се излеани од Франција во износ од 11,4 милијарди евра, по што следат Шпанија со 7,7 милијарди евра, Велика Британија седум милијарди евра, Италија 6,5 милијарди евра и Германија 5,2 милијарди евра. Најголем прилив, пак, од земјите во ЕУ е забележан во Португалија 3,6 милијарди евра, Романија три милијарди евра и Полска 2,5 милијарди евра.
Податоците покажуваат дека на лични трансфери во 2018 година од ЕУ кон други земји кои не се членки се испратени 35,6 милијарди евра, што е зголемување на претходната година кога биле 32,6 милијарди евра. Најголем дел од овие лични трансфери се состојат од плаќања од мигранти во државите од ЕУ кон нивните земји на потекло.
