Молдавскиот претседател поддржува техничка влада
Додон денеска, по консултацијата со парламентарните партии, изјави дека поддржува техничка влада како решение за оваа ситуација. Краткотрајната влада на Санду беше изгласана во јуни, кога нејзината проевропска алијанса формираше лабава коалиција со проруската Молдавска социјалистичка партија и ја собори Демократската партија на Молдавија, предводена од олигархот Влад Плахотниуц.
Сојузот меѓу прозападните и проруските партии дојде по неколкумесечната политичка неизвесност по изборите во февруари.
Додон е лидер на Молдавската социјалистичка партија, која не гласаше за доверба на владата, откако владата ја смени процедурата за назначување на јавен обвинител, за премиерот да ги предлага кандидатите за обвинител. Претседателот сега ќе назначи кандидат за премиер.
