Шекеринска на прв состанок на земјите од НАТО: Нашата татковина е подготвена
Шекеринска посочи дека одбранбениот буџет е во пораст, согласно насоките од Алијансата за издвојување на два проценти од бруто-домашниот производ, а дека сме и во фаза на имплементација на Стратегискиот одбранбен преглед. Таа додаде дека Армијата е посветена да биде проактивен дел од структурите и мисиите на Алијансата и дека се во тек реформите за развој на интероперабилни воени сили, како дел од најуспешната одбранбена алијанса
во светот.
