САД со барање до ОН за ракетните балистички напади на Иран
Државниот секретар на САД, Мајк Помпе, пред Советот за безбедност на ОН рече дека Вашингтон ќе се обиде да соработува со телото од 15 члена за повторно воспоставување балистички ракетни ограничувања за Иран. Во својот говор на состанокот на Советот за Иран, Помпео рече дека ембаргото на ОН во врска со оружјето во Техеран не треба да се укине во 2020 година. Тој го повика Советот за безбедност да воспостави "мерки за инспекција и забрана, во пристаништата и на отворено море, за да се спречат континуираните напори на Иран да го заобиколи ограничувањата за оружје ". Состанокот на Советот за безбедност доаѓа откако висок ирански воен командант потврди дека Техеран неодамна спроведе тест за балистички ракети, кој беше осуден од страна на западните сили. "Ги продолжуваме нашите тестови на проектили и овz беше значаен тест", објави новинската агенција Фарс која го цитираше Амари Хаџизаде, командант на исламскиот револуционерен корпус.Советот минатата недела се состана на разговори во врска со тестирањето од 1 декември, со кое според САД, Иран ја прекрши Резолуцијата на ОН 2231, која беше усвоена како дел од нуклеарниот договор во 2015 година меѓу Техеран и светските сили. Велика Британија и Франција го опишаа тестот како "провокативен" и "неконзистентен" со резолуцијата. Русија, која има право на вето, го бранеше правото на Иран да спроведе ракетни тестови. Резолуцијата 2231 бара од Иран да се воздржи од тестирање на нулеарни проектили. Техеран вели дека нејзината ракетна програма е дефанзивна и не е насочена кон изградба на арсенал на нуклеарни проектили.