Во Косово уапсени 16 луѓе за нелегална трговија со оружје
Акцијата била изведена на 16 локации во трите града, а освен уапсените луѓе, запленети се иповеќе парчиња оружје и муниција, како и парични средства и друг доказен материјал.
„Во акцијата се запленети 19.000 евра , 3 парчиња долго оружје, 17 парчиња кратко оружје, 2.850 куршуми од различен калибар, 20 шаржери, 1 бугарски пасош, 3 телефони, други документи потребни за натамошна судска процедура. Осомничените лица, со налог на обвинител, се притворени, се вели во соопштението.
