Дескоска: Отворени нови сместувачки капацитети во затворот „Идризово“
Таа истакна дека во Идризово се сместени повеќе од три петтини од затворениците во земјава, а оти неговата пренатрупаност води кон несоодветни услови и отежнато одржување на редот и безбедноста во затворот.
„Инвестициите во просторот се следени и со инвестиции во човечкиот капитал, односно градење човечки капацитети, преку обуки на вработените, напори за подобрување на здравствената заштита, потоа градење на мобилни судници, но и реформи што значат развивање алтернативи за кратките затворски казни, ревизија на Кривичниот закон и праксата на определување на притвор и изрекување казни“, рече Дескоска.
