Одбележување на 108-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза
Владината делегација присуствуваше и на свеченото доделување на државната награда „Мајка Тереза”, кое се одржа во Собранието на Република Македонија.
Мајка Тереза, родена како Гонџа Бојаџиу во Скопје, во 1910 година, е симбол на милосрдието, хуманоста и солидарноста, и нејзината посветеност да им помага на луѓето без разлика на нивната национална, етничка или религиска припадност останува вечна порака за меѓусебно помагање и обединување на сите граѓани.
Мајка Тереза беше прогласена за светица од Папата Франциск во 2016 година
