Тевдовски: Референдумот нема да предизвика ребаланс на буџетот
Тој рече дека е точно оти ќе бидат обезбедени 80 милиони денари за референдумот и дека „апсолутно“ нема да предизвикаат ребаланс на Буџетот:
„Тоа е доделено како план за трошење од резервните функции на државата“, изјави Тевдовски.
Во однос на тоа како ќе се трошат средствата, тој рече дека Собранието е овластен предлагач и според законот тоа има право да ги користи овие средства.
