Убиени тројца милитанти во драматична битка во Кабул
Во драматична битка во срцето на градот, авганистански армиски хеликоптери денеска летаа над џамијата во стариот дел на Кабул, при што најмалку еден од нив со ракета гаѓаше врз позициите на милитантите.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Наџиб Даниш потврди дека тројца милитанти се убиени, откако заземале зграда во близина на џамијата Ајда.
Данииш милитантите ги опиша како терористи, но не кажа дали се талибански борци, екстремисти на ИД или милитанти од друга група.
Засега ниту една група на презема одговорност за милитантите кои стрелаа со ракети во близина на претседателската палата во Кабул, комплексот на амбасадата на САД и други владини згради.
