Граѓански здруженија бараат отпис на долгови за комунални услуги
Предлагачи се Конфедерацијата на синдикални организации и здруженијата „Човекот над профитот“, „Но пасаран“, и „Гласен текстилец“, според кои над 85 илјади семејства плаќаат застарени долгови кои воопшто не треба да ги плаќаат.
Претставниците на здруженијата рекоа дека на овој начин би го олесниле буџетот на граѓаните, дека ќе се забрза платниот промет во земјата, а луѓето ќе можат да размислуваат за редовно плаќање на долговите.
Тие рекоа дека не се согласуваат со законското решение што го предложија неколку пратеници со кое се предвидува отпис на каматите на наплата на долговите за кои има правосилна судска одлука или решение за извршување.
