Пратениците на босанските Срби го отфрлија извештајот за Сребреница
Националното собрание на Република Српска на 14 август го отфрли извештајот од 2004 година кои беше изработен од претходната влада на Република Српска и од специјална комисија. Пратениците тврдеа дека извештајот е пристрасен.
Собранието во Бања Лука исто така ја повика актуелната влада на ентитетот да го повлече извештајот и да формира нова меѓународна истражна комисија. Оттаму наведоа дека таква комисија е потребна за објективно и непристрасно утврдување на страдањата на сите луѓе во областа на Сребреница за време на војната од 1992 до 1995 година.
Потегот беше критикуван од босанските пратеници и политичари како обид за „преработување на историјата.“ Специјалната седница беше иницирана од страна на лидерот на босанските Срби Милорад Додик кој беше во опозиција во 2004 година кога беше изготвен извештајот.
На потегот исто така се гледа како на обид за засилување на неговата кампања пред изборите во октомври.
