Обвинителството отвори предмет за јавните набавки во Министерството за здравство
Оттаму наведуваат дека предистражната постапка е резултат на објавените написи од страна на повеќе медиуми во врска со неправилностите при спроведување на постапките за јавни набавки во Министерството за здравство.
„Предметот се однесува на постапката за јавна набавка за биореагенси и тестови на крв во износ од 35 милиони евра и за набавка на лекови од веледрогерија за потребите на јавните здравствени установи без тендерска постапка во износ од 24,6 милиони денари“, велат од Обвинителството.
