Тахири - Ако се отвори прашањето за границите нема да ги заборавиме Албанците од Македонија и од Црна Гора
„Размената на територии или било која поделба не е опција и треба да се отфрли бидејќи тие носат војни. Не може да има промена на граници во Косово или на Балканот во други форми освен со војна. Косово е независна и суверена држава и ова прашање е завршено и покрај тоа што Србија живее со хегемонистички илузии“, истакна Тахири.
Доколку се отвори темата за границите на Балканот, посочува Тахири, Албанците се подготвени.
„Не можеме делумно да ги решиме работите и да останат Албанците од Македонија и од Црна Гора надвор од границите. Запомнете дека кога го поставивме проектот за независност, одлучивме во согласност со нив. Албанците од Прешевската Долина, од Македонија и од Црна Гора се согласија. Ова е национално прашање, им припаѓа на сите, вклучувајќи ја и Албанија“, посочи Тахири.
