Косовско МВР - Состојбата во северно Косово е мирна и стабилна
Шкодра им изјави на новинарите дека ситуацијата во овој дел на Косово, населен со мнозинско српско население, е мирна и стабилна. Тој вели дека немаат индиции дека може да има некаква дестабилизација или било какви безредија.
Претходно косовските медиуми јавија дека елитните полициски сили се мобилизале од Приштина и се стационирале во базата „Белведере“ во селото Фрашер во близина на Митровица.
Официјален Белград ги повика косовските Срби да не преземаат никакви дејствија кои би предизвикале интервенција на косовските сили.Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај порача дека жестоко ќе одговори на секој обид за дестабилизација на државата, а во готовност се ставија и единиците на КФОР стационирани во Косово.
