За Мицотакис решение за името не е можно без промена на Уставот
Лидерот на најголемата грчка опозициска партија, Кирјакос Мицотакис изјави денеска дека решение за името не може да постои без Македонија да го промени Уставот и комплетно и неповратно да ги отстрани сите елементи на иредентизмот.
Тој говорејќи пред неговите сопартијци посочи дека начинот на кој владата во земјата управува со преговорите, предизвикува загриженост и уште еднаш го повтори неговиот став дека „нема да ги поделат Грците, за да ги обединат Скопјаните“.