Баерн - Реал, Ливерпул - Рома
Баерн Минхен против Реал Мадрид и Ливерпул против Рома, се двојките во полуфиналето од Лигата на шампиони во фудбал.
Извлекувањето се одржа денеска во Нион, Швајцарија.
Првите натпревари ќе се играат на 24-ти и 25-ти овој месец, а реваншите на 1-ви и 2-ри мај.