Мицкоски ја обвини Владата за политика на омраза поради Ќосето
„Рушењето на споменици, секако не е активност со која се занимава една просперитетна влада чии погледи се кон иднината, тоа е чин кој го практикуваат ретроградни сили, како ИСИС во Сирија и талибанците во Авганистан“, наведува Мицкоски.
Тој порачува дека Македонија не смее да стане држава која се срами и ги нагрдува своите херои и сето тоа е дел од сценарио за дефокусирање од вистинските теми.
