Шест Таџикистанци осудени за планирање тероризам во Русија
Московскиот Регионален воен суд денеска ги осуди шесте мажи на затворски казни од 12 до 18 години, откако беа обвинети за заговор за терористички напад, за членување во терористичка група и нелегално поседување експлозив.
Четворица од нив се изјасниле за виновни, а двајца се изјасниле за делумно виновни. Истражителите на судењето рекоа дека обвинетите планирале да постават бомба во минибус во московско предградие во 2016 година.
Исто така истражителите тврдат дека обвинетите биле лојални на екстремистичката група Исламска држава и по нападот планирале да им се приклучат на милитантите на ИД во Сирија.
Властите велат дека илјадници мажи и жени од Русија и други советски републики во последните години патуваат во Сирија и Ирак да се приклучат кон ИД.
