Штајнмаер - Решение на спорот за името - позитивен импулс за целиот регион
Соговорниците го оцениле досегашниот развој на односите меѓу двете земји како исклучително позитивен и динамичен, соопшти владината прес- служба. Како што соопштуваат, Заев и Штајнмаер се согласиле дека овие ралации ќе продолжат и понатаму, и дека се од особено значење за претстојниот клучен период за Македонија.
Соговорниците размениле мислења и за активната соработка во сферата на безбедноста и одбранбените политики и членството на Македонија во НАТО. Штајнмаер посочил дека ги почитува напорите на македонската Влада и оценил дека се направени видливи и значајни промени во придвижувањето на земјата напред и спроведување на реформите.
