Сaакашвили пристигна во Холандија
Укранскиот опозиционер и поранешен претседател на Грузија Михаил Саакашвили пристигна во Холандија, родна земја на неговата сопруга откако Украина го протера во соседна Полска. Се уште не се знае колку долго Саакашвили ќе се задржи таму и што ќе прави, наведува агенцијата Асошиејтед Пресс.
За холандската државна телевизија НОС тој на прашањето колку време ќе биде во Холандија одговорил "ќе видиме", додавајќи дека сосема сигурно е оти тоа што се случи во Украина е причина зошто отишол во родната земја на неговата сопруга. Украинските погранични служби на 12 февруари соопштија дека Саакашвили во земјата престојувал нелегално и затоа е вратен во земјата од која дошол.
Саакашвили беше претседател на Грузија од 2004 до 2013 година, а во 2015 година беше поставен за гувернер на украинскиот регион Одеса. Од позицијата си поднесе оставка во 2016 година жалејќи се дека централните власти предводени од претседателот Петро Порошенко му прават препреки во борбата против корупцијата. Властите во Киев пак го обвинуваат дека од прорускиот украински политичар Виктор Јанукович примил половина милион долари за да организира протести и да го урне актуелниот претседател Порошенко.