Димитров ќе учествува на состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ
Домаќин на состанокот ќе биде бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева чија земја е претседавач со ЕУ, а темите на кои ќе се дискутира ќе бидат состојбата во Западен Балкан со акцент на евроинтегративниот процес на регионот, како и ситуацијата во Сирија и Северна Кореја.
На состанокот ќе учествуваат високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини, шефовите на дипломатиите на 28-те земји членки и министрите за надворешни работи на петте земји кандидатки од регионот: Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Турција.
Димитров во Софија пристигнува утре каде е предвидено да има билатерални средби со претседателот на Бугарија Румен Радев, премиерот Бојко Борисов и со неговата колешка Захариева со која, како што соопшти МНР, предвидено е да ги разменат ратификационите документи на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.
