Нимиц: Има разлики за името, но можно е решение
„Верувам дека решението кое е можно, е конзистентно. Има разлики во ставовите меѓу двете земји, но јас сум оптимист, изјави Нимиц.
Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров изјави дека станува забор за исклучително прашање за граѓаните на Република македонија кое се следи со големо внимание и загриженост.
„Ние имаме целосно разбирање за тоа. Сакаме ова прашање да се реши на начин што и кај нас и во Грција ќе се смета за достоинствен. Имаме разбирање за граѓаните на Грција кои се идентификуваат како Македонци, но во Европа во 21 век не само нашите соседи во Грција туку никој не може да го допре и нашето право да бидеме Македонци и да зборуваме на македонски јазик, кој е во групата на словенски јазици“, рече шефот на дипломатијата.
