Заев: Обединети во 2018 да ја заокружиме визијата за модерна држава
" На патот сме да ја заокружиме визијата за модерна, економски напредна и респектирана држава. Да се обединиме околу овие приоритети. Сега како никогаш досега, сите да ја прифатиме одговорноста за нашата иднина", истакнува премиерот во обраќањето.
Според него, најголем успех годинава е тоа што „слободоумните граѓани ослободија заробена држава“.
Според него клучен фактор за создавање доверба, додава, е да се спроведува владеење на правото.
Заев вели дека силно се противи на амбиент во кој некои политички елити се почувствуваа привилегирани.
" Мислеа дека правдата и казната што произлегува после корупцијата, нема да ги опфати и нив. Сите мораме да го дадеме сопствениот придонес кон реформата и кон новото време за кое постигнавме општествен консензус: Нула толеранција за корупцијата и нула толеранција за кршење на човековите права", истакнува претседателот на Владата во обраќањето.
