Апелација го врати „Поткуп“ на повторно постапување
Од судот наведуваат дека во текот на постапката и одлучувањето по предлогот на одбраната за издвојување на докази прибавени со посебни истражни мерки, поставен на рочиште за главната расправа, првостепениот суд постапил спротивно на предвидената законска процедура кога по предлогот на одбраната за кој не постоела согласност од странките, наместо одлуката да биде донесена од Советот што бил во заседание, одлуката дополнително вон рочиште за главна расправа ја донел претседателот на советот со што во конкретниот случај излегол надвор од овластувањата утврдени со закон, се вели во соопштението на Апелациониот суд.
Во предметот „Поткуп“ обвинет е премиерот Зоран Заев дека како градоначалник на Струмица, побарал поткуп од струмичкиот бизнисмен Иван Николов во вредност од околу 160 илјади евра за градежно земјиште во Струмица.
Адвокатите на Заев бараа од Основниот суд Скопје 1 снимките од посебните истражни мерки објавени на Јутуб да бидат издвоени од доказите, бидејќи биле објавени на неколку медиуми, а се работи за тајна снимка. Судот го одби нивното барање по што поднесоа жалба до Апелациониот суд.
