Тачи вети армија и побара ратификација на договорот за границата со Црна Гора
“Јас денеска ви гарантирам дека Косово во текот на 2018 година ќе има свој одбранбен капацитет, значи една современа армија која ќе придонесува за мирот и стаблноста во регонот и насекаде во светот”, истакна Тачи.
Според него, вооружените сили на Косово ќе го чуваат и зајакнуваат мултиетничкиот карактер. Во продолжение од обраќањето тој нагласи дека кредибилитетот на Косово како држава на меѓународната сцена и брзината со која ќе се приближуваат до членството во ЕУ и НАТО, главно зависи од сериозноста во исполнувањето на државните обврски.
