Снег во Грција предизвика големи сообраќајни проблеми
На автопатот Атина-Ламија се создала сообраќајна колона од 15 километри поради која патниците во автомобилите чекале и до осум часа. Во многу области во земјата постојано се објавуваат предупредувања возачите да стават синџири за снег, а полицијата забрани движење за тешки товарни возила на голем број патишта, главно во планинските области. Поради силниот ветер, некои пристаништа се затворени. Грчка спасувачка екипа денеска спасила мал брод со 12 члена екипаж во близина на Миконос, кој бил зафатен од силната бура во областа.
