Су-30СМ собори крстосувачка ракета над Црното море
Во текот на воените вежби на Црноморската флота на Русија во понеделникот авион-ловец Су-30СМ собори ракета на условен противник, соопшти началникот на информативниот оддел капитен прва класа Вјачеслав Трухачов, пренесува ТВ „Ѕвезда“.
„Руските витези“ ги покажаа можностите на новиот борбен Су-30СМ
По заповед на началникот на Генералштабот на руските Вооружени сили Валериј Герасимов, целата авијација и средствата за ПВО на Јужниот воен округ беа доведени во состојба на целосна борбена готовност.
На сигналот за тревога беше активиран составот на авијациските групи, воените единици, силите за ПВО од Ростовската и Волгоградската област, Краснодарскиот и Ставрополскиот крај, на републиките Северна Осетија-Аланија и Крим, појаснува „Рамблер“.
