Медиум: Русија и Кина ќе потпишат договор за освојување на вселената
Земјите и претходно склучуваа договори за соработка во вселената, но првпат договорот ќе важи пет години, соопштува CGTN.
Русија и Кина ќе се договорат за заедничко проучување на Месечината
CGTN смета дека и за Русија и за Кина овој договор ќе биде во полза на двете земји. Се претпоставува дека ќе се однесува на соработка во пет сфери: во освојување на Месечината и далечната вселена, разработка на специјални материјали, соработка во сферата на сателитските системи, во далечинско сондирање на Земјата и во барање на остатоци од вселенски летала. Договорот треба да помогне за повторно слетување на човекот на Месечината.
Се очекува документот да биде потпишан во октомври.
Претходно шефот на руската држава Владимир Путин изјави дека Русија и Кина ќе ја зголемуваат соработката во вселенската сфера, пишува „Взгљад“.
