Русија и Египет ќе одржат заеднички воени вежби
Воените вежби „Бранители на пријателството-2017“ ќе се одржат во Краснодарскиот крај. Во нив ќе учествуваат ВДВ на Русија и падобранско-десантните сили на Египет, пренесува „Взгљад“.
Русија ќе му испорачува на Египет хеликоптери Ка-52К за „Мистралите“
Војниците на Русија и Египет се подготвуваат да изработат единствени пристапи кон десантирањето, изведувањето маневар, заземање и задржување на планински превој. Воените вежби ќе се одржат на терен со сува суптропска клима.
Во 2016 година десантните сили на двете земји веќе реализираа заеднички антитерористички маневри во Египет.
