„Армата“ за две години станува робот со вештачка интелигенција
Тенкот „Армата“ за две години ќе има вештачка интелигенција и ќе може да учествува во борбени дејствија без екипаж, изјави Франц Клинцевич.
„Тие тенкови (Т-14 Армата) го менуваат изгледот на современото војување. Денеска има малку од оние кои разбираат дека за неколку години тоа ќе биде робот со вештачка интелигенција. Екипажот ќе се наоѓа на сосем друго место и ќе управува со таа џиновско нешто, рушејќи сѐ пред себе“, рече Клинцевич.
Т-14 е најновиот руски основен тенк со „купола“ без екипаж врз база на универзалната гасенична платформа „Армата“.
Претходно беше соопштено дека Министерството за одбрана на Русија до 2020 година ќе добие повеќе од сто тенкови „Армата“ кои ќе ѝ бидат предадени на војската, пренесува телевизија „Ѕвезда“.
