„Сириската” колекција на облека ги руши сите рекорди
„Военторг” почна со продажба на „сириска“ колекција на облека која ги руши сите рекорди по популарност, соопшти прес-центарот на „АрМИ-2017“.
Русија го афирмира брендот „Сделано в России“ (Made in Russia)
Според претставник на прес-центарот, дизајнерите добиле инспирација за новата колекција од успехот на руската војска во борбата против меѓународниот тероризам во Сирија. Колекцијата е сочинет од маички, панталони, шорцеви, бермуди, поло-маички и фустани.
„На облеката со маскирен дизајн за пустински услови се претставени војниците на Силите за специјални операции, пејзажи од Палмира и Алепо, како и стратешкиот бомбардер Ту-22М3”, објаснува претставникот на прес-центарот, пренесува „Рамблер“.
Тој додава дека новата колекција веќе се покажала како најпопуларна меѓу посетителите на Армиските меѓународни игри.
