На денешен ден: Царот Александар I ги забранува тајните масонски друштва
Првите масонски ложи во Русија се појавуваат на почетокот на 1730-тите години. Меѓу масоните во Русија има истакнати јавни личности, како што се Александар Суворов, Михаил Кутузов и Александар Грибоедов.
На почетокот владата на Александар I ги дозволува активностите на масонските друштва, обидувајќи се да ги искористи за своите интереси. Но, набрзо станува јасно дека масоните се тесно поврзани со револуционерни идеи.
На 13 август 1822 година царот Александар I го издава указот „За забрана на тајните друштва и масонските ложи“. И покрај тоа, масоните ќе продолжат да дејствуваат во Русија до 1918 година, кога се отстранети од страна на советските власти.
5 теории на завера: Во што веруваат руските конспиролози?
