Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Август
2017

3 советски проекти директно од научно-фантастичен роман

0

На советските научници не им недостасувале револуционерни идеи, но нивната примена во практика е сосема друга работа. Со затегнувањето на канџите на Студената војна се раѓаат многу потенцијални проекти (успешни и неуспешни) со цел да се скрши непријателот.

Некои научни и воени програми од советската ера продолжуваат да дејствуваат и денес и дури најамбициозните идеи, како ласерско и звучно оружје, сега стануваат реалност.

За среќа или за несреќа, некои од најексцентричните проекти се напуштени и заборавени засекогаш. „Руска реч на македонски“ раскажува за некои од радикалните проекти за кои советските научници всушност имале желба да вложат многу сили со цел да го држат непријателот на растојание.

Мозочно радио

Бернард Кажински. Извор: Архива

Во 1923 година рускиот инженер по електротехника Бернард Кажински го претставува својата необичен концепт за „мозочно радио“ за пренос на импулси на мозокот и нивна трансформација во сигнали на долги растојанија. Тој ги посетува Европа и Северна Америка, каде одржува предавања на темата, ширејќи ја идејата дека луѓето се живи радија кои можат да емитуваат и примаат сигнали. На крајот неговиот проект добива поддршка на советските власти.

Во 1924 година тој ги прави првите обиди во Москва: неговата цел била со помош на  радиобранови со ниска фреквенција да се влијае на кучињата да земат некоја определена книга од купот со книги и да ја однесат на научниците во соседната соба. Експериментот бил успешен, но подоцна животните одбивале да ги вршат командите.

Тајните служби ја сфаќаат суштината на проектот и пројавуваат интерес кон идејата радиото да се користи за влијание врз човечката свест. Кажински според некои податоци се откажува да работи на проектот, иако верува во него, а подоцна тој е продолжен од други научници, иако никогаш не е покажана неговата функционалност. На крајот концептот е испратен во архивите поради трошоците за него и недостатокот од напредок.

„Борбени кртови“

Борбен крт. Извор: Архива

Идејата да се изгради машина која ќе може да пробива пат под земјата, во почва и карпи, не е само сон на авторите на научната фантастика, но и на советските научници. Таква машина потенцијално може да уништи подземните објекти и инфраструктурата на непријателот, како и да направи пробив во непријателските линии.

Идејата за ваков тип оружје се раѓа во Москва во почетокот на 20 век благодарение на инженерот Пјотр Расказов. За жал тој не живеел доволно долго за да ја види идејата материјализирана. Убиен е во 1904 година и дури во триесеттите години од минатиот век на проектот му е даден „нов живот“.

Нуклеарните физичари во СССР

Според различни податоци советскиот инженер Рудолф Трабелевски добива некои германски примероци на т.н. субтерени и подоцна со помош на властите е изграден првиот прототип на подземната бормашина. „Субтеренот“ е дизајниран да минира, да поставува кабли и да прави геолошки истражувања. Проектот сепак е напуштен со текот на годините, бидејќи советските власти одлучиле да се фокусираат на други иницијативи.

Во шеесеттите години од минатиот век со поддршка на лидерот на СССР Никита Хрушчов идејата повторно заживува, но продолжува да се чува во тајност, дури и повеќе отколку советскиот атомски проект. Во Крим е изградена посебна фабрика за „субтерени“.

Научниците создаваат нова модификација која има многу исклучителни можности. Наречена „борбен крт“, таа работи со користење нуклеарна енергија и е долга 35 метри. Може да се движи со максимална брзина од 7 километри на час и да пренесува петмина членови на екипажот и до 15 војници.

Првото нејзино тестирање е направено во 1964 година на Урал, и е исклучително успешно - таа пробива планината како нож низ масло и уништува подземен бункер на условен противник. За жал вториот тест не поминува толку глатко – „кртот“ експлодира, при што гине целиот екипаж. Причината за инцидентот останува тајна, но сите понатамошни тестови се одложени, а подоцна и проектот е напуштен засекогаш кога Леонид Брежњев доаѓа на власт. Тој бил фокусиран повеќе на проучувањето на вселената.

Климатско оружје

Извор: Алексеј Бушкин, РИА Новости

Во шеесеттите години од минатиот век многу земји се обидуваат да создадат методи за влијание врз климата и временските услови. Советите мислат дека ако можат да го контролираат времето, тоа ќе им даде голема предност над противникот и научниците ја истражуваат идејата. Станува познато дека и САД работат на слична идеја.

Во 1977 година ОН официјално прифаќа конвенција, која забранува употреба на оружје за промена на климата, но САД и Советскиот Сојуз продолжуваат да ја изучуваат перспективата и да градат метеоролошки комплекси кои според некои податоци се во можност да влијаат на процесите во јоносферата (слојот на Земјината атмосфера кој е јонизиран од соларната и вселенската радијација).

Сура е истражувачки центар на јоносферата, лоциран во близина на градот Василсурск, на околу 140 километри источно од Нижни Новгород. Оваа руска лабораторија за истражување на јоносферата е изградена во осумдесеттите години и е аналог на американскиот комплекс ХААРП (HAARP High Frequency Active Auroral Research Program). Во тоа време луѓето кои живееле во близина на комплексот, гледале чудни блескави огнови на небото и подвижни црвени сфери. Објаснувањето е дека овие феномени се поврзани со ослободување на плазма од работата на комплексот. Сепак многумина научници се на мислење дека сите приказни за климатско оружје се целосно неосновани.

СССР – земјата во која е направена првата успешна промена на полот






Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net