Во Чебоксари родители ја крстија ќерка си Вселена
Матичната служба на администрацијата на Калининскиот реон на Чебоксари регистрираше девојче на кое родителите ѝ дале необично име – Вселена (Вселенная), пренесува РИА „Новости“.
„Девојчето е родено на крајот на јули и е прво во семејството. Крстена е по прабаба ѝ“, изјави соговорникот од Матичната служба за агенцијата.
Путин потпиша закон за забрана на пцости и симболи во детските имиња
Според него, во последниве 11 годни првпат се среќава името „Вселена“. „Сега е тешко да се прецизира колку често се среќавало ова име воопшто, сите податоци се во архивата“, додаваат од Одделот.
Според службата, првите три најчести женски имиња во Калининскиот реон на градот од почетокот на оваа година се Ана, Анастасија и Дарја. Не ја губат својата популарност и женските имиња како Марија, Ксенија, Варвара, Викторија, Валерија и Софија. Најчестите имиња за момчиња се Михаил, Александар, Кирил, Иван, Илја и Никита.
Меѓу ретки и изолирани имиња се Силва, Цветана, Моника, Теона, Најља, Доминика, Јаким, Јан, Фидан и Лука.
