Руската армија се засили со „Искандери“ и „Калибри“
„За време на овој период од претпријатијата од воено-индустрискиот комплекс е испорачано на војската повеќе од 600 нови и 300 ремонтирани примероци на оружје, воена и специјална техника“, изјави Шојгу, пренесува „Взгљад“.
Испорачана е бригада „Искандер-М“, авиони, хеликоптери, девет радарски станици, патролниот брод „Совершени“, два десантни чамци, тешко пловно пристаниште за подморница од класата „Бореј“, како и 60 крстосувачки ракети „Калибар“ со поморско базирање.
Со што се вооружи руската армија во 2016 година
Покрај тоа, според Шојгу, одбранбената индустрија создала уште една „техничка позиција на модернизирано командно место со унифициран космички систем“.
Исто така, Шојгу изјави дека во првата половина на годината се ставени во употреба голем број на објекти во кои е распоредено ново оружје и воена техника. Сега, според него, се врши реконструкција на локации за стационарните и мобилните системи „Јарс“, како и на објекти од аеродромската мрежа, пристаништата и полигонските бази.
Шојгу додаде дека државните нарачки во сферата на одбраната во 2017 година се исполнети во делот за испорака на оружје од страна за 34,2%, а за ремонт - 42%.
