Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Июль
2017

Зошто велиме „Убав како руски генерал“

0

Споредбените фраземи (изрази во чија компонента е содржана споредба, најчесто со зборот „како“) се мошне чести не само во македонскиот, ами и во сите останати јазици. Пред извесно време, додека се занимававме со споредбените фраземи во македонскиот јазик, наидовме на изразот „убав како руски генерал“ што за нас претставуваше вистинско откритие. Тогаш се запрашавме зошто токму руски генерал? И така започна нашата потрага по историјата на појавувањето на оваа фразема.

Руската војска се од дамнина се славела со својата храброст, бестрашност и, секако, со успесите. На почетокот таа била мала и се состоела од дружини кои ги бранеле кнежевствата на земјата руска. Со зајакнувањето на државата почнала да се зголемува и да се зајакнува и армијата.

Сепак, најголем подем и најголема преобразба руската армија добива во времето на владеењето на Петар Велики. Тој освен што направил реформи во поглед на ефикасноста, поставеноста и хиерархијата на руската војска, се зафатил и со изгледот на членовите на армијата. Така, тој ги сменил сите униформи и вовел попригодни и „поевропски“. Особено ова се однесувало на повисоките чинови. Пешадијата и обичната војска се задоволила со лесна и едноставна униформа, а офицерите и генералите добиле облека за која секое воено лице може само да мечтае.

Како Петар Велики ги учел Русите на етикеција

Секако, тука се и реформите кои Петар Велики ги вовел и во изгледот, не само кај војската, ами и кај граѓаните. Тој исклучително ја ценел хигиената, па затоа повелал граѓаните на Русија да си ја бричат брадата како што прават Европејците, со оглед на тоа дека руските мажи често носеле долги и густи бради, со кои не само што не изгледале убаво, ами биле и хигиенски несоодветни.

На тој начин Петар Велики вовел „мода“ во руската војска. За него изгледот на војниците, а особено на високопоставените воени лица бил многу важен, оти сметал дека секој оној што ја брани земјата треба да изгледа угледно и достоинствено.

Десет руски збора кои е тешко да се преведат на македонски

Традицијата за добриот изглед во високите воени редови продолжила во текот на историјата. Офицерите и генералите добивале убава и луксузна униформа, а самите тие се грижеле таа да биде проследена и со личната убавина.

Во многу филмови кои можеме да ги проследиме како на телевизија, така и онлајн, ќе забележиме дека навистина офицерите и генералите од времето на Руската империја, па и по Октомвриската револуција изгледале навистина елегантно и привлечно. Сетете се само на серијата „Школа за благороднички“ („Институт благородных девиц“) кој пред неколку години се прикажуваше во Македонија. Таму сите војници беа убави, стројни, дотерани, „стегнати“ и токму поради тоа во нив се вљубуваа младите благороднички.

Затоа и не изненадува фактот што во македонскиот јазик велиме дека некој е убав како руски војник, со што се означува дека станува збор за некој што се грижи за својот изглед, висок, строен и дотеран маж.

Зошто велиме „Потемкинови села“?






Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net