Археолозите ја открија тајната на огромниот курган на Крим
Курган Госпитальный (болнички) од четвртиот век пред нашата ера, откриен во југоисточниот дел на Керч, го доби називот по некогашната воена болница која се наоѓала во близина, а се наоѓа во зоната на изградбата на патот до мостот кој се гради преку Керчанскиот теснец.
Во курганот се откриени два гроба, еден ограбен во далечното минато и друг во кој се наоѓаше саркофаг со скелет на тинејџер.
Под енергетскиот мост до Крим пронајден објект на непозната цивилизација
„Сфативме дека историјата на „Госпитаљни“ била мошне сложена. Насипан е во неколку фази, а во длабочината се пронајдени гробни градби од различни периоди. Во сите пресеци имаше траги на бројни пљачкашки прекопувања и ровови“, вели раководителот на истражувањето, научен соработник на Одделението за археолошки истражувања на скитско-сарматската култура на Археолошкиот институт на РАН Ирина Рукавишникова.
Покрај гробовите се откриени три камени жртвеници, јами со остатоци од погребни гозби, како и бројни фрагменти на садови од четвртиот век пред нашата ера и уште некои предмети од керамика. Помеѓу нив и амфори насликани со црвени фигури на менади и сатири (во старогрчката митологија, придружници на богот Дионис) на црна позадина, пренесува РИА „Новости“.
