На невработена Московјанка ѝ украле спортски автомобил од 175 илјади евра
Автомобил „Мерцедес“ AMG SLS вреден околу 12 милиони рубли (околу 175 илјади евра), сопственост на невработена жена, е украден во вооружен грабеж во Москва, соопшти за РИА „Новости“ прес-службата на МВР за Москва.
Како што соопштува полицијата, инцидентот се случил на крајот на јуни, меѓутоа за настанот се дознало дури во средата.
На чистачките од руските гасни компании им крадат брендирани предмети
„Невработената жена се обрати до полицијата и соопшти дека на 27 јуни во еден автосервис двајца непознати, заканувајќи се со предмет кој личел на пиштол, од мажот кој ја вршел продажбата на нејзиниот автомобил „Мерцедес“ AMG SLS, отворено му ги грабнале документите и клучевите од наведениот автомобил и побегнале со него“, изјави соговорникот на агенцијата.
Според него, отворена е истрага за разбојништво и се трага по ограбувачите. Материјалната штета полицијата ја оценува на 12 милиони рубли.
