Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Июль
2017

МИ-8АМТШ-ВА - нова ѕвезда на арктичкото небо

0

Холдингот „Вертољоти Росии“ (кој е во состав на Ростех) наскоро на Министерството за одбрана на РФ ќе му испорача два хеликоптера МИ-8АМТШ-ВА кои се специјално проектирани за експлоатација на Арктикот. Оваа информација ја пренесе информативната служба која се наоѓа во склоп на холдингот. Формалната церемонија на примопредавање на хеликоптерот ќе се одржи на фабричкиот хелиодром кој е во состав на погоните на „Вертољоти Росии“ во градот Улан Уде.

Според генералниот директор на холдингот „Вертољоти Росии“ Андреј Богински, техничките решенија применети на овој тип хеликоптери можат да се реализираат не само за воените, ами и за цивилните летала.

Современа, функционална и исклучително жилава машина

Клучните модификации кои се имплементирани на арктичката верзија на Ми-8АМТШ-ВА се однесуваат на подобрување на термоизолацијата и на самата конструкција на хеликоптерот. Термоизолацијата е подобрена благодарение на дополнителната примена на специјалната пена од фиберглас која има високи термоизолациски карактеристики. Освен тоа за време на составувањето на арктичкиот хеликоптер користени се технологии кои се користат за конструкција на авиони. Конструкциските елементи се спојувани со метод на заварување, за разлика од поголемиот број обични хеликоптери каде елементите се спојуваат со помош на специјални спојници со нитување. Ваквите технолошки решенија ја подобруваат аеродинамичката способност на хеликоптерот, и го поедноставуваат неговото техничко одржување.

Да се преживее на Арктикот: облеката и храната на руските војници

Потоа е направена интеграција на новиот пилотажно-навигациски и комуникациски сет на опремата (станува збор за дигитален автопилот и комплекс за инерцијална навигација збогатен со огромна база дигитални мапи, кој може доста ефикасно да функционира и во услови на отсуство на врска со сателитите).

Со иновативен технички зафат е решен проблемот на работа на моторот и негова трансмисија на екстремно ниски температури (пониски од -40 степени), особено за време на неговото палење (загревањето на агрегатот за масло и системот за трансмисија), како и реконструкција на вратите од левата страна на корпусот на леталото на која е успешно инсталиран лизгачки систем со комплекс на товарен вител СЛГ-300.

Со оглед на тоа дека станува збор за голем простор кој е главно ненаселен и практично без патни комуникации, едно од основните барања беше и зголемување на оперативниот долет на овие хеликоптери. За решавање на овој проблем на хеликоптерите се успешно интегрирани 4 дополнителни резервоари со гориво. За време на тестирањето на ова летало, кое покрај класичните на себе има и дополнителни резервоари со гориво, остварен е долет од 1.400 километри.

Техничко-тактички карактеристики на Ми-8АМТШ

Хеликоптерот Ми-8АМТШ е разработен на база на повеќенаменскиот хеликоптер Ми8-АМТ. Овој хеликоптер кој жаргонски е наречен „Терминатор“ е неофицијално име за прототипот на оваа машина која за првпат на пошироката јавност ѝ беше демонстриран уште во 1999 година на меѓународниот авиосалон во Фарнбор. Во единиците на ВРФ влезе во 2009 година. Извозната верзија на овој хеликоптер е означена како Ми-171Ш.

Хеликоптерот ги задржа своите транспортни карактеристики како и кај претходните верзии. Но, она што беше главна новина во однос на претходните верзии е интеграција на цел арсенал на вооружување кој е практично ист како и кај јуришните Ми-24 „Хинд“ како и значително зголемување на неговата оклопна заштита која е решена со вградување металокерамички оклопни плочи на виталните делови на хеликоптерот. Покрај овие новини во голема мера е реконфигурурана и неговата авионика, т.е. управувачкиот кокпит.

Максималната полетна маса на Ми-8АМТШ изнесува 13 тони. Неговата максимална брзина изнесува околу 260 километри на час, а оперативниот радиус е 610 километри. Хеликоптерот може да носи товар од 4 тони. Во него можат да влезат 26 војници (десантна пешадија) или 12 ранети на носилки со медицински персонал. Екипажот се состои од 3 лица, и е составен од командир, потоа втор пилот кој е оператор на вооружените системи на хеликоптерот, и летачки техничар кој исто така се наоѓа во функција на нишанџија на митралезите.

Како борбениот Ка-60 беше претворен во хеликоптер од лукс класа

Погонските агрегати се составени од 2 турбоелисни мотори ТВ3-117ВМ кои имаат максимална сила од 2.100 коњски сили. На модернизираните хеликоптери Ми-8АМТШ интегрирани се понови и посилни мотори Климов 2хВК-2500-03 со унапредена трансмисија, максимална сила од 2.500 коњски сили.

Кога станува збор за авиониката, хеликоптерот е зајакнат со дисплеј на метеорадар, комплекс за сателитска навигација, инфрацрвен уред и ноќен прибор за пилотите. Вградени се и специјални издувници за моторот кои ја намалуваат инфрацрвената рефлексија, а освен тоа тука се наоѓа и блокот со Иц-мамци АЦО-2В.

Системите за вооружување интегрирани на верзијата на Ми-8АМТШ

Ми-8АМТШ има 4-6 носачи за вооружување на страните на хеликоптерот. Тој е опремен со ракетен комплекс в-з „Штурм-В“ кој во својот состав има ракети 9М114 или 9М120 (до 8 ракети). Освен тоа тука се наоѓаат и 4 блока Б8В20-А со неуправувачки ракети в-з Ц-8, потоа 2 управувачки модула со топови ГШ-23Л со калибар од 23 милиметри, како и по 2 митралези на носната турела и на крмата на хеликоптерот. Освен ова вооружување, хеликоптерот може да има и посовремен АТ комплекс „Атака“ како и комплекс за ПВО в-в со краток дострел со ракети „Игла“.

Договорот за испорака на специјалната верзија на десантно-јуришните хеликоптери Ми-8АМТШ-ВА за потребите на арктичките експедициски борбени групи е потпишан во февруари 2016 година. Моментално за вака модернизираните борбени летала интерес покажуваат и останатите структури во самата руска војска.






Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net