Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Июнь
2017

5 уникатни вештини кои можете да совладате на „Ломоносов“

0

Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“ (МДУ) беше вклучен во листата Топ 100 најдобри универзитети во светот QS World University Rankings, објавен неодамна. На списокот тој се искачува од 108 место во 2016 година до 95 оваа година и е единствената руска високообразовна институција од земјата која се најде меѓу стоте најдобри.

МДУ е основан во 1755 година и е најстариот и еден од најголемите универзитети во Русија. Тој нуди разновидни образовни програми и има еден од најубавите универзитетски комплекси. Освен тоа е и еден од најпознатите универзитети кај младите во Русија, а за да се запишете на него е навистина тешко.

Што можат да научат идните студенти таму и какви можности им нуди универзитетот?

Да хакираат како професионалци

Без разлика дали руските хакери се вмешани во внатрешната политика на САД или не, човек не може да негира дека хакерските способности се познати во целиот свет. Сакаш да видиш дали и ти можеш да се претвориш во господар на сајберпросторот?

Сè што можеме да ви раскажеме за руските хакери

Еден од начините е да се запишеш на Факултетот за компјутерска математика и кибернетика на МДУ. Во март 2017 година Студентскиот тим „Бушхакерс“ на МДУ го освои најголемото и најстаро образовно хакерско натпреварување - конкурсот iCTF на Калифорнискиот универзитет, Санта Барбара. Еден месец подоцна тој го освои и првото место на натпреварот по сајбер-безбедноста во Екатеринбург, откако ги совлада меѓународните тимови од Австрија, Германија, Италија и Швајцарија. Кој знае, можеби еден ден и ти може да си еден од „Бушхакерите“!

Да лансираш сателит

Постигнувањата на руската вселенска индустрија се познати во целиот свет. Сакаш да си дел од оваа динамична индустрија? Знаеш дека МДУ е единствениот универзитет во светот, кој може да произведува и да лансира сопствени сателити?

Оваа година МДУ отвора нов факултет за вселенски истражувања, во кој ќе се предаваат нешта поврзани со вселената, - од црни дупки до човековото однесување во нулта гравитација. Новиот факултет ќе нуди постдипломски програми и ќе подготвува специјалисти за сателитската програма на МДУ. Во 2018 година универзитетот планира да лансира и додипломска програма.

Кои руски универзитети можат да ве однесат во космосот?

Минатата година во орбитата беше лансиран најновиот сателит произведен од универзитетот, и сега учениците и академскиот персонал ги анализираат информациите што се добиваат од сателитот. Не пропуштајте ја шансата да аплицираш и да работиш со партнерските организации на кампусот, меѓу кои е и државната корпорација „Роскосмос“.

Да го истражуваш непознатото

Сакаш да добиеш едукација на светско ниво во сферата на нуклеарната енергија и физиката? Престани да бараш - аплицирај на Факултетот за физика на МДУ кој има „родено“ 8 носители на Нобеловата награда и над 25.000 физичари.

Специјалистите во оваа тешка област на науката лесно наоѓаат работа во Русија и во светот. Можности за нив има во многу области, вклучувајќи ја академската, здравството, економијата, екологијата и нуклеарната енергија.

Надградувајќи се врз основа на искуството и постигнувањата на најпознатите физичари на Русија, можеш да ги истражуваш гравитационите бранови, нанофизиката, биоинженерингот и теоретската физика. Едно од најинтересните достигнувања на физичарите од МДУ е развојот на нов метаматериал кој овозможува ултрабрз пренос на информациите во наноразмери.

Да совладаш редок јазик

Една од ретките работи кои сигурно вашето си-ви ќе го направат импресивно е знаењето редок јазик. Свахили или тајландски може и да не се широко распространети, но можат да ти помогнат да си најдеш работа во странство или, пак, да патуваш. Кинески, јапонски и хинди не се толку ретки, но се не помалку корисни кога барате работа кај идните работодавци кои бараат професионалци со исклучителни способности.

Каде и што студираат странците во Русија?

Институтот за земјите од Азија и Африка (ИСАА) при МДУ е едно од најдобрите места каде можеш да научиш некој о овие јазици. Многу руски политичари, новинари, дипломати, па дури и портпаролот на Путин учеле таму.

Ако си од Кина, Индија или друга азиска или африканска земја, можеш да се запишеш и за специјалната програма на ИСАА за изучување на руски како мајчин јазик. МДУ прифаќа кандидати за групи од по осум или повеќе лица од универзитети или организации. Програмата може да биде направена специјално за потребите и барањата на различните групи.

Да ја откриеш руската природа

Сакаш да патуваш низ Русија? Учи биологија и геологија во МДУ! Студентите и академскиот персонал често патуваат и одат на експедиции, за да ги истражуваат природните наследства на големата руска земја.

Овде не само што ќе имаш можност да ги видиш најретките животни во Русија и да научиш нешто за нив, ами и ќе придонесеш за работата на заштита на животната средина.

Ако избереш геологија, може да добиеш и шанса да анализираш новооткриен фосили, како и да научиш како да откриваш наоѓалишта на минерали и да извршуваш сеизмички испитувања.

Што треба да се знае за Ломоносов






Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net