Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Июнь
2017

Тверскаја: 6 места кои вреди да се видат на главната улица во Москва

0

Тверскаја е една од најстарите улици во Москва. Во 12 век тука поминува пат кој водел до Твер (на околу 200 километри северозападно од Москва). Оттаму доаѓа и нејзиното име. Во тоа време патот и Кремљ ги дели реката Неглинаја која е скриена во цевка под земјата во почетокот на 19 век, а мостот над реката води директно кон Црвениот плоштад.

Откако Санкт Петербург станува престолнина на Русија, царевите продолжуваат да се крунисуваат во Кремљ и да влегуваат во стара резиденција токму по Тверскаја. Благодарение на овие процесии во 18 век Тверскаја станува главната улица на градот - статус, кој го има задржано и до денес.

„Руска реч на македонски“ направи листа на најмаркантните глетки на оваа историска улица - главната артерија која води до политичкото срце на Русија.

Хотел „Национал“ и Државната дума

Две згради недалеку улица Тверскаја на влезот од страната на Кремљ, изградени во временски опсег од само 30 години една по друга. Сепак, нивните аспекти се исто толку различни, колку што се и историските епохи кои ги отелотворуваат. Лево (ако застанете со грб кон Кремљ) е „Национал“ - еден од најлуксузните хотели во Русија, подигнат во почетокот на 20 век. Десно е симболот на советската власт - зградата на „Советот за труд и одбрана“, каде што денес е сместена Државната дума.

Национал / Константин Кокошкин / Global Look Press

Хотелот ги отвора своите врати во 1903 година и иако цените таму воопшто не се ниски, е преполн со гости. Освен со својата одлична локација и раскошните ентериери, тој се одликува и со напредни технологии: располага со електрични лифтови, телефони и парно греење. Тука престојуваат истакнати индустријалци и странски дипломати, како и познати претставници на боемски заедница - од писателот Иван Бунин до балерината Ана Павлова. По револуцијата дури и револуционерниот водач Владимир Ленин живее тука, пред да се пресели во Кремљ.

Државната дума / Константин Кокошкин / Global Look Press

Зградата наспроти хотелот е симбол на СССР. Монументална глетка со конструктивистичка фасада која е подигната во 1932-1935 година и станува модел за советските владини згради. Во Водичот од 1937 година таа е наречена „една од најубавите згради во нова Москва“.

Савинското подворје - зградата која се пресели (зграда 6/6)

Оваа зграда со раскошна архитектура и уникатна судбина е сместена во внатрешниот двор на зграда број 6. За да ја видите, треба да одите преку сводот. Црниот покрив, кулите и аглите, мултихроматските плочки на фасадата - овој станбен блок кој му припаѓал на Савин-Сторожевскиот манастир е изграден во почетокот на 20 век во модерниот псевдоруски стил. Внатрешниот простор бил издаван како станови и канцеларии.

Савинското подворје / Legion Media

Во 1930 година е одлучено дека зградата го попречува издигнување на нова структура. Таа сепак не е уништена – „само“ е преместена на 50 метри навнатре. Тоа е честа практика во Москва во тоа време. Преместени се вкупно 70 згради, а Савинското придворје е најсложената и најтешката меѓу нив - тежи цели 23.000 тони. „Преместувањето“ е спроведено, без да се преместуваат самите станари. Било направено за една ноќ, со претходни подготовки од неколку месеци.

Како се поместувале зградите во СССР

Зградата на генерал-губернаторот, каде што денес е сместено Градското собрание на Москва (зграда 13)

Црвената зграда со бели колони некогаш била два пати помала, а московјани доаѓале на балови кои биле организирани тука. Изградена е во 1782 година од архитектот Матвеј Казаков за генерал-губернаторот Чернишов. По смртта на првиот нејзин сопственик зградата е купена од државата и оттогаш служи како официјална резиденција на московските градоначалници. Во триесеттите години од минатиот век, при проширување на улицата Тверскаја, зградата е преместена за вкупно 13.5 метри, но тоа се случува во рекордни 41 минута. Кон неа се додадени и уште два ката.

Градско собрание / Константин КоКошкин /Global Look Press

Канцеларијата на „Ситин“ (зграда 18)

Ова е еден од најдобрите примери за стилот арт-нуво во Москва. На почетокот на 20 век зградата му припаѓала на Иван Ситин – познат издавач. Во неа била сместена редакцијата на неговиот весник „Руское слово“ и парадоксално, по револуцијата, се користи за уредување на весникот „Известија“, еден од предводниците на советските медиуми. Изданието останува таму сè дури не му биле доделени свои канцеларии. Во 1979 година зградата е преместена на 30 метри настрана. За среќа нејзиниот софистициран декор е сочуван.

Канцеларијата на „Ситин“ / Legion Media

Англискиот клуб (зграда 21)

Тоа е единствената класична куќа која не била уништена од подоцнежните реконструкции. Зградата со колони, преден двор и камени ѕидови и лавови е изградена кон крајот на 18 век, но конечниот изглед сепак таа го добива по инвазијата на Наполеон и подоцнежниот пожар во 1812 година. Светол период за зградата започнува во 1831 година кога тука се преселил Англискиот клуб. Сите плејбои од Москва сонуваат да станат членови на ова елитната машко друштво. Мотото на клубот е „Concordia et laetitia“ („слога и забава“). Клубот организира раскошни ручеци, неговите членови играат карти и зборуваат за политика. Имало 400 членови и околу 1.000 кои постојани кандидати. Новите членови се прифаќале само по препорака и со тајно гласање. Денес во зградата е сместен Музејот за современата руска историја.

Англискиот клуб / Legion Media






Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net