Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Июнь
2017

Москва сега и од пред еден век

0

1. Кремљ

Поглед на брегот на реката Москва и на ѕидините на Кремљ од Првата и од Втората безимена кула кои се изградени во осумдесеттите години од 15 век и се високи повеќе од 30 метри.

2. Никољска улица

Станува збор за една од најстарите улици во Москва. Името го има добиено по својата највпечатлива знаменитост, древниот Никољски манастир. Во 15 век пред да биде изграден Црвениот плоштад, улицата водела кон Никољската порта на истоимената кула на Кремљ.

3. Триумфална порта

Поглед на Кутузовската авенија и на Триумфалната порта. Архитектот Осип Боце ја проектирал Триумфалната порта во спомен на руската победа над Наполеон во 1812 година. Споменикот првобитно се наоѓал на плоштадот Црвена застава и бил еден од бројните спомен-порти поставени на патот по кој руската војска се враќала од Европа. По наредба на советските власти портата е демонтирана во 1936 година. Дури 32 години подоцна нејзината реплика е поставена на Кутузовската авенија.

4. Камергерска улица

Поглед на Камергерската и на газетната улица од Кузнецкиот мост. Низ историјата Камергерската улица има променето неколку имиња. Денешното име го има добиено кон крајот на 19 век зашто во тоа време на неа живееле голем број државни чиновници наречени „камергери“. Денес Камергерската улица е пешачка зона на која има скапи барови, ресторани и продавници.

5. Домот на Пашков

„За залезот на сонцето, високо над градот, на камената тераса на едно од најубавите зданија во Москва, зградата подигната пред околу сто и педесет години, стојат двајца: Воланд и Азазело. Никој не можел да ги види одоздола од улицата, зашто од излишните погледи ги крие балустрада со гипсени вази и гипсени цветови. Но тие го гледаа сиот град, речиси до самите негови рабови“. Вака рускиот писател Михаил Булгаков го опишува Домот на Пашков во романот „Мајсторот и Маргарита“, пишувајќи за зданието кое стана една од најголемите атракции на Москва веднаш штом било изградено во 1786 година. Денес оваа зграда ѝ припаѓа на Руската државна библиотека и може да се посети заедно со туристички водич.

6. Улицата Кузнецки мост

Од 17 до 19 век на улицата Кузнецки мост живееле припадници на благородништвото. Пред Октомвриската револуција од 1917 година улицата била место за бројните трговци и, според современиците, претставувала „вистински храм на луксуз и стил“, зашто тука се наоѓале најразлични продавници. Во согласност со традицијата, и денес на улицата Кузнецки мост, покрај знаменитостите од минатите времиња, се наоѓаат голем број бутици, книжарници и ресторани.

7. Театарски плоштад

Историјата на Театарскиот плоштад започнува во 1812 година кога Москва претрпела стравотен пожар за време на војната против Наполеон. По војната, за време на изградбата и на обновата, на овој плоштад е подигнат театар, претходник на денешниот Бољшој театар познат како Петровски театар. Најголем дел од плоштадот не им бил достапен на московјаните сѐ до 1911 година, со оглед на тоа дека на него се изведувале воени вежби. Покрај Бољшој театар, на денешниот Тетарски плоштад се наоѓаат и Малиот театар и Рускиот академски младински театар, Трговскиот центар ЦУМ (Централна стоковна куќа), старата зграда на хотелот Метропол, како и зградата во која се одржуваат проби на Бољшој театар, подземен премин поврзан со главната театарска зграда.

8. Трговски центар ГУМ

До 1921 година водечкиот московски трговски центар на местото на денешниот ГУМ, се нарекувал Горни трговски редови. Тоа всушност била улица со продавници на отворено, некогаш најголемата во Европа, со сопствена електрична и телеграфска централа, банка, па дури и артешки бунар. Преубавата фасада на влезот на овој трговски центар гледала кон Црвениот плоштад, додека ентериерот потсетувал на огромен источен пазар. За време на советската власт ГУМ неколку пати бил затворен, а Сталин дури имал намера и да го урне. И покрај бурното минато, московјаните овој мал „град во град“ го сметаат за симбол на урбаниот живот на руската престолнина. Тука често не доаѓаат за да купуваат, ами за да се шетаат или да уживаат во сладолед.

9. Библиотеката на Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“

Библиотеката на Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“ (МГУ) на Моховата илица е изградена помеѓу 1897 и 1901 година. Нејзината читална со тркалезен облик е проектирана според примерот на Британскиот музеј во Лондон. Денес тука е сместен Факултетот за новинарство на МГУ.

10. Бањата Сандуновска

Бањата Сандуноска го добила своето име според актерот Сили Сандунов (1756-1820) кој ја основал во 1808 година. Кон крајот на 19 и на почетокот на 20 век оваа парна бања, позната под колоквијалниот назив Сандуни, претворена е во луксузен спа-центар во кој често доаѓале богатите државни чиновници и славните личности. Советскиот режисет Сергеј Ејзенштејн во оваа бања има снимено неколку сцени за своите филмови „Оклопницата Потемкин“ (1925) и „Александар Невски“ (1938), а исто така и американскиот режисер Волтер Хил за филмот „Црвено вжештување“ (1988) со Арнолд Шварценегер во главната улога.






Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net