Добавить новость
123ru.net
World News
Сентябрь
2023

САД ги повикуваат Србија и Косово сериозно да ги сфатат обврските од договорот

0
Соединетите Држави побараа од Косово и Србија, пред следната рунда од дијалогот најавена за  14 септември, да се обврзат на конкретни обврски во врска со договорот за нормализација на односите меѓу двете страни, како и анексот за негово спроведување, изјави заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар.


Американскиот дипломат рече дека во неодамнешниот телефонски разговор не добил гаранции од Албин Курти дека е посветен на спроведувањето на договорот за нормализација и неговиот анекс, како што објави косовскиот премиер на социјалната мрежа Х, порано позната како Твитер.


„А тоа, кога станува збор за косовската страна, значи претставување на Нацрт-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство. Курти не се обврза да го направи тоа. Во суштина, она што се обврза да го направи е да присуствува на состаноците во Брисел и ништо повеќе“, рече Ескобар во интервју за српскиот и албанскиот сервис на Гласот на Америка.


Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) соопшти дека премиерот на Косово и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во четврток во Брисел ќе се сретнат со посредниците во дијалогот, шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел и специјалниот посредник Мирослав Лајчак, а теми на разговор ќе бидат имплементацијата на Договорот за патот кон нормализацијата, како и актуелни прашања.




Ескобар рече дека веќе се видливи последиците што би можеле да настанат доколку Косово и Србија ја пропуштат можноста за нормализирање на односите.


„Зборуваме за мерките што ги воведе Европската Унија, кои се рефлектираат во неможноста за напредок во некои механизми на пристапниот процес кои се доста сериозни. Иако Косово ги означува како санкции, тоа не се вистински казнени мерки. За Србија исто така би било многу слично“, изјави Ескобар.


Кога станува збор за Косово, се работи и за можности за нови признавања, донаторски конференции, стратешки билатерален дијалог со САД и блиски односи со НАТО, додаде тој.


„За жал, ако нема напредок - сето тоа ќе се пропушти оваа година. Ќе биде многу слично за Србија. Мислам дека Европската Унија ќе сака да види јасни сигнали за интерес за спроведувањето на договорот за нормализација како што сметаат колку Србија напредуваше во пристапниот процес“, прецизира Ескобар.


Според него, САД продолжуваат силно да го поддржуваат дијалогот што го води Европската Унија.


Американскиот дипломат рече дека Охридскиот договор што го постигнаа страните е многу широк и историски, дека е вистински договор за нормализација според европските стандарди и можност за напредок бидејќи двете земји можат да го усогласат интегративниот процес со европски структури. Тој исто така посочи дека е неопходно да се надминат сите предизвици кои се присутни од март и изрази уверување дека тоа е можно.


Тој посочи дека САД се загрижени поради недоволната координација на Косово во однос на употребата на специјалните полициски единици, експропријацијата и планираното иселување на некои од институциите од владините згради предводени од Србите.


Одговарајќи на прашањето дали најавите дека наскоро ќе има избори во Србија би можеле да влијаат на евентуалниот договор меѓу Косово и Србија, Ескобар рече дека тоа не треба да се случи.


„Договорот не го постигнаа Вучиќ и Курти, туку Србија и Косово. Договорите остануваат на сила без разлика кој е на власт“, рече тој.


Според него, потребна е политичка волја од двете страни за спроведување на нивниот дел од веќе постигнатиот договор, а тоа се правно обврзувачки договори за чие спроведување се одговорни поединци и влади.





Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net