Данокот за солидарност повторно во игра
Владата на почетокот на годината предложи ваков закон, предлогот стигна и до Собрание, но потоа беше повлечен.
Со предлог законот се предвидува воведување на данок за солидарност за 2023 година како еднократна, вонредна и привремена јавна давачка.
Министерството за финансии образложува дека законот се носи по урнекот на Регулативата на ЕУ 2022/1854 од 6 октомври 2022 година за итна интервенција за решавање на проблемот со високите цени на енергијата заради ублажување на последиците од енергетската криза.
Преку плаќањето на овој вид така наречен данок на екстра профит, компаниите кои во услови на криза оствариле вишок профит, пропорционално ќе придонесат за ублажување на последиците од кризата.
Ваков данок ќе плаќаат фирмите кои заработуваат над 10 милиони евра и притоа во 2022 оствариле екстра профит, при што тоа е 20 отсто повеќе од четиригодишниот просек.
Воведувањето на данокот за солидарност е од општ интерес за сите граѓани и се базира на начелата на правичност, еднаквост и пропорционалност, велат од Владата.
