Добавить новость
123ru.net
World News
Май
2023

Учениците од белградското училиште „Владислав Рибникар“ се вратија во училниците

0
По 19 дена од трагедијата, наставата во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ е обновена од понеделник на 22 мај, потврди за Радио и телевизија на Србија (РТС) Снежана Вуковиќ од Министерството за образование. Во ова училиште наставата беше прекината по 3 мај, кога 13-годишен ученик во напад со огнено оружје уби девет ученици и чуварот. Наставата во наредните денови  ќе се одвива со зголемено присуството на полицијата.



Претставничката на српското Министерството посочи дека децата во ова училиште ќе имаат повеќе часови отколку во изминатите две недели, кога децата имаа по два до три часови дневно.



„Денес е различно по тоа што учениците VII-2 ќе дојдат на час попладне. Тие самите инсистираа да разговараат со терапевти. Со нив сме во постојан контакт. Тие инсистираа да започнат часови по физичко и здравствено образование. Утре ќе започнеме со настава по физичко образование и настава по географија Да одиме постепено“, изјави Вуковиќ, пренесува РТС.




Претставничката на српското Министерство за образование во гостувањето на РТС кажа и дека делот од училиштето каде што се случи масакрот воопшто не се користи. Тоа е овозможено бидејќи, практично, како што објасни, ОУ „Владислав Рибникар“ се состои од две вештачки споени згради.


„Се избегнува сè што потсетува за да не се поминува низ тој простор. Дури и влезовите во училиштето се на другата страна. Тоа е она што во овој момент беше возможно или другата опција беше децата целосно да се разделат, па едно дете од едно семејство да оди во едно, а другото дете во друго училиште, што е многу тешко. Навистина би било многу напорно за родителите и јас верувам дека и родителите би имаше проблем и тоа би било дополнителен предизвик“, вели Вуковиќ.


Таа нагласи дека доколку родителите забележат дека децата се плашат и немаат потреба да влегуваат во училишните простории, детето не мора да доаѓа на училиште бидејќи тоа би било „ново насилство врз детето и никој од Министерството и стручните кругови не инсистира на ова“.


„Важно е да имаме само писмена изјава од родителите дека детето не доаѓа и да се следи што се случува со тоа дете, би било добро децата да имаат онлајн часови за оние кои не сакаат, но информациите се такви што родителите не сакаат настава, сакаат да ја прекинат и да ја завршат учебната година“, нагласи Вуковиќ.


Таа додаде дека е важно што во текот на изминатата недела на училиште биле повеќе од 750 ученици, но и околу 130 ученици кои биле со наставниците на активности кои не се одвивале на училиште.





Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net