Советот за безбедност на ОН ќе расправа за инцидентот со гасоводите на Балтичко море
НАТО: Инцидентите на „Северен тек“ се намерна непромислена саботажа
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вчера изјави дека намерен напад врз инфраструктурата на сојузниците ќе биде одговорен со решителен одговор, по, како што ги нарече, актите на „саботажа“ на гасоводите „Северен тек“. „Сите моментално достапни информации укажуваат дека ова е резултат на намерни, непромислени и неодговорни акти на саботажа“, се вели во соопштението на НАТО. „Ние, како сојузници, се обврзавме да се подготвиме, одвраќаме и да се браниме од други хибридни тактики од страна на државните и другите актери. Секој намерен напад против критичната инфраструктура на сојузниците би бил дочекан со обединет и решителен одговор“, се додава во соопштението.
