Рекорден број починати како последица од ковид-19 во Русија
![Рекорден број починати како последица од ковид-19 во Русија](https://gdb.rferl.org/52ae750a-2386-4de3-a7e4-8a8a1b2e2bda_w800_h450.jpg)
Русија денеска забележа рекорден број починати од ковид-19 за 24 часа. За тој период во земјата починаа 852 лица што е рекорд од почетокот на пандемијата досега. Бројот на заразени со Делта сојот на коронавирусот секојдневно расте, а стапката на вакцинација е ниска. Претходниот рекорд на починати, 828 за 24 часа, беше регистриран на 24 септември.
Со овие последни бројки, вкупно во Русија како последица на ковид-19 починаа 205 531 лице, што е највисока бројка во Европа. Во земјата се регистрирани повеќе од седум милиони инфицирани со ковид-19.
Десетици блиски на Путин се заразиле со ковид - 19
Само 28 отсто од руското население е целосно вакцинирано, а првичниот план на владата беше таа бројка да достигне 60 отсто до крајот на месецов. Последните проценки се дека тоа може да биде постигнато до почетокот на декември.