Следната недела до граѓаните ќе бидат испратени ваучерите за домашен туризам
Од Министерството за економија информираа дека ваучерот ќе биде испратен по електронска пошта која што граѓаните ја имаат доставено до Управата за јавни приходи. Вакви ваучери во износ од 6000 денари ќе добијат граѓаните кои имаат приходи кои не надминуваат 15.000 денари месечно. Тие ќе може да го искористат во домашните туристички објекти, но и платежна картичка од 3.000 денари која ќе може да ја користат во сите угостителски објекти во државата. Ваучер ќе им биде доделен на сите вработени граѓани кои во периодот од јануари до април 2020 година не оствариле вкупни нето приходи од плата и надоместоци од плата не поголеми од 60.000 денари според податоците од Управата за јавни приходи, наведоа од Министерството за економија.
Туристички ваучери за граѓани со примања под 15.000 денари
Граѓаните ваучерите за одмор во домашните туристички капацитети ќе можат да ги користат од 15 јули 2020 година до 15 декември 2020 година.
