По 14 месеци од изборите, БиХ избра претседавач со Советот на министри
„Наша обврска ќе биде да работиме посветено со цел да го надоместиме загубеното време. Мораме да ги одблокираме процесите во владата и во парламентот, да го усвоиме буџетот за идната година и да ги активираме замрзнатите инвестиции со цел да го поттикнеме економскиот развој“, рече Тегелтија пред Парламентот, презентирајќи ги приоритетите на неговата влада.
Тој очекува дека ќе формира влада до крајот на оваа година која ќе се фокусира на реформите кои и се многу потребни на земјата во овој момент.
